Кирби: Само Зеленски може да донесе одлука за почнување преговори со Русија
Само украинскиот претседател Володимир Зеленски може да донесе одлука за почеток на преговори со Русија, соопшти денеска Белата куќа, отфрлајќи ги тврдењата дека САД вршат притисок врз Киев, пренесуваат француските медиуми.
-Сите се согласуваме дека дипломатското решение преку преговори е најдобриот можен исход, ако ја исклучиме можноста рускиот претседател Владимир Путин да одлучи да ги повлече своите трупи од Украина, изјави Џон Кирби, портпаролот на американскиот совет за национална одбрана.
„Само претседателот Зеленски може да каже дали и кога ќе биде подготвен да преговара и каков ќе биде форматот на преговорите.
Никој во САД не влијае врз него, не го притиска или го тера да седне на преговарачка маса“, истакна Кирби. . Кирби ја даде оваа изјава во врска со неодамнешните забелешки на претседателот на американскиот Здружен Генералштаб, генералот Марк Мили, дека може да има можност за почеток на преговори за изнаоѓање политичко решение за конфликтот.
Француските медиуми пренесуваат дека неодамна одредени американски медиуми објавија дека некои високи функционери почнале да ја охрабруваат Украина да размисли за преговори.
Ново на Сител
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд
-
СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот
-
Средба Сиљановска-Филипче во Вила Водно
-
Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност | ВИДЕО
-
Стареењето некогаш се случува забрзано