Кирби: Има напредок во разговорите за прекин на огнот во Газа
Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, синоќа соопшти дека има напредок во разговорите за прекин на огнот во Газа, и покрај нападот од неделата на либански Хезболах врз Израел.
-Работните групи се состануваат и разговараат меѓу себе, така што секогаш има напредок, а нашиот тим продолжува да вели дека дискусиите се конструктивни, рече портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.
Нападот со ракети и беспилотни летала врз либанското проиранско движење немаше никакво влијание врз работата „на теренот“, истакна Кирби, мислејќи на преговорите што се водат во Каиро, Египет.
-Очекуваме овие дискусии да продолжат барем во следните неколку дена, додаде Кирби. Израел во неделата наутро изврши повеќе воздушни напади врз Либан, тврдејќи дека спречил голем напад на Хезболах.
Хезболах потоа соопшти дека „успешно“ лансираше стотици дронови и ракети за да се одмазди за смртта на еден од неговите водачи.
Во четвртокот во Каиро почна нова рунда разговори за прекин на огнот во Газа и за ослободување на заложниците на палестинска територија, во присуство на шефовите на израелските разузнавачки служби, директорот на ЦИА Вилијам Барнс, како и првите луѓе на разузнавачките служби на Египет и Катар.
Ново на Сител
-

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани
-

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“
-

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ
-

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари
-

Во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
