-->
-->
Кирацовски во Обвинителството на распит за „Рекет“
-->
Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски влезе на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со случајот „Рекет“.
Во кратка изјава за медиумите Кирацовски рече дека е повикан во својство на сведок и рече дека по распитот на излегување ќе даде изјава за медиумите.
Вчера беше и неговата колешка од СДСМ Фросина Ременски, таа во обвинителството се задржа 3 часа.
Тие се првите двајца политичари кои се повикани на распит за случаjот „Рекет“.
Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Александар Динев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
