Кирацовски на средби во Агенцијата за администрација, Министерството за правда и УЈП

Дополнителниот заменик министер за информатичко општство и администрација Александар Кирацовски денеска одржа средба со раководни лица во Агенцијата за администрација, Министерството за правда и Управата за јавни приходи на Република Македонија.
- На средбата во Агенцијата за администрација, Кирацовски ја искажа заложбата дека сите одговорни лица од институциите на Република Македонија мора да придонесат за одржување фер, слободни и демократски избори, без никакви притисоци врз вработените и граѓаните со цел секој граѓанин слободно да ја изрази својата волја на гласачкото место, се вели во соопштението од Кабинетот на дополнителниот заменик министер.
Кирацовски на средбата во Министерството за правда, стои во соопштението, ја потенцирал улогата на ова Министерство како еден од клучните фактори за спроведување на фер, демократски и слободни избори, при што од страна на министерот за правда Валдет Џафери беше изразена подготвеност за соработка.
На средбата со претставниците од УЈП, пак, дополнителниот заменик министер Кирацовски посочил дека заедничка цел и врвен приоритет на сите мора да биде заложбата за одржување на фер, слободни и демократски избори.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
