Кипранец призна дека убил седум жени и девојчиња

Маж од Кипар призна дека убил седум жени и девојчиња. Локалните медиуми објавија дека станува збор за првиот сериски убиец на тој остров.
Две тела се откриени во рударско окно претходно овој месец, додека третото е пронајдено вчера. Сите тие се државјанки на Филипините. Главниот осомничен е 35-годишен војник кој ги признал убиствата, а неговото име се уште не е објавено.
Жртвата која е пронајдена вчера, осомничениот ја запознал на сајт за запознавање партнери. Тој вчера ги однел истражните органи на место во близина на главниот град Никозија и им покажал каде е закопано телото.
Мажот признал дека убил уште жени и девојчиња, вкупно седум, па по нивните тела се трага.
Меѓу убиените е една жена од Индија или Непал и една жена од Романија и нејзината осум годишна ќерка. Како исчезнато се води и едно шест годишно девојче, ќерка на една од убиените жени.
На полицијата на Кипар во истрагата и помага британската полиција.
Ново на Сител
-

Потресна приказна на македонско семејство кое живее во Шведска - 22 месеци без својата ќерка
-

Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
-

ТФТ го загуби и вториот натпревар против Борац во баражот за АБА лигата
-

Алегри по поразот од Аталанта: Примивме гол уште од самиот почеток, а потоа се распаднавме
-

Герасимовски: Финансиска поддршка за санација на покриви и лифтови
-

Кос: Во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан
-

Георгиадис: Не постои апсолутно никаков страв од ширење на хантавирусот во Грција
-

Почнува судењето на 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
