Кипарскиот претседател очекува од преговорите во Швајцарија да помогнат за решавање на некои прашања
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис изјави дека меѓу двете кипарски заедници и натаму има значителни разлики, но изрази надеж дека преговорите следната недела ќе можат да се решат некои од овие прашања, пренесува БТА.
Анастасиадис, заедно со лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи ќе учествува на преговорите следната недела во Швајцарија, меѓу 7 и 11 ноември, закажани за да помогнат за изнаоѓање на решение за кипарскиот проблем.
- Остануваат несогласувања по одредени прашања за кои се дискутира. Најважните прашања за безбедноста и територијата - кои се решавачки - се уште не биле тема на некој сериозен дијалог, изјави Анастасиадис на денешната прес-конференција.
- Познато е дека за двете теми има сериозно несогласување во позициите на двете страни, додаде тој.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни