Балкан
8. јуни 2020 - 13:56

Кипар не ги отвора границите за посетители од Македонија

Кипар ги отвора своите граници за посетителите од 13 земји, дозволувајќи им да влезат без карантин под услов да бидат негативно тестирани за коронавирус, објави државната телевизија РИК.

Обврската за тестирање за влез во земјата ќе остане во сила најмалку барем до 20 јуни, се вели во извештајот.

Мерката важи за посетителите од Германија, Австрија, Малта, Грција, Израел, Бугарија, Финска, Словачка, Словенија, Литванија, Норвешка, Данска и Унгарија.

Ако некој посетител се зарази за време на нивниот престој, Кипар ќе ги сноси трошоците за лекување, се вели во извештајот.

Друга група на земји, вклучително и Хрватска, Швајцарија, Чешка, Полска и Романија, се очекува да биде додадена на списокот од 20 јуни.

За земјите кои не се вклучено во двете категории, дозволен ќе биде влез само за посебни околности и по одобрување од кипарската Влада.

Британските и руските посетители, кои сочинуваат најголем удел на туристи во Кипар, засега остануваат на црната листа поради обемот на пандемијата на коронавирус во нивната земја.