-->
-->
Кипар ќе го екстрадира киднаперот на авионот на „Иџипт Ер“
-->
Кипар се согласи на египетските власти да им го предадат Египќанецот кој минатата недела киднапираше патнички авион на компанијата „Иџипт Ер“, јавија кипарските медиуми.
Киднаперот Сеиф Ад Дин Мустафа (59) им се предаде на кипарските власти, откако го киднапираше авионот со 79 патници и членови на екипажот, кој леташе на релација од Александрија до Каиро.
По киднапирањето, Мустафа ги принуди пилотите да го пренасочат авионот кон Кипар и да слетаат на аеродромот во кипарскиот град Ларнака, каде набрзо ги ослободи заложниците и и се предаде на полицијата.
Првичната претпоставка беше дека станува збор за терористички чин, но потоа беше утврдено дека Мустафа само сакал да се види со неговата поранешна сопруга, која живее на Кипар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори