Кипар ги олеснува мерките, дозволен пристап во затворените простори и за невакцинираните
Стабилизирањето на епидемиолошката слика и намалувањето на притисокот врз здравствениот систем на Кипар, носат и олабавување на мерките, меѓу кои и укинување на забраната за влез на невакцинирани во одредени простори, јави дописничката на МИА од Атина.
Олабавувањето на мерките стапува денеска во сила, а веќе е дозволено влез во угостителските објекти, ноќните клубови, кината, театрите, на стадионите, на свадбите и крштенките и за невакцинирани лица , но со задолжителен рапид тест.
Дополнително, се зголемува и исполнетоста на кината и театрите на 75 отсто од капацитетот, на спортските натпревари на 70 проценти, во угостителските објекти, на свадбите, крштенките и сл, дозволени се 12 лица на маса, наместо осум како што беше досега, а се укинува и забраната за танцување во кафулињата и клубовите.
Во домовите, дозволен е собир на 20 наместо десет лица како што беше досега, вклучително и децата, а се намалува од 50 на 25 отсто работата од дома во јавниот и приватниот сектор.
Паралелно, задолжително тестирање со рапид тестови еднаш седмично се воведува и во градинките за деца со наполнети четири години.
Новите мерки ќе бидат во сила до 14 март 2022 година.
Министерот за здравство на Кипар Михалис Хаѕипанделас, соопштувајќи ги мерките рече дека „во последните денови има стабилизирање на епидемиолошките индикатори како и значително намалување на притисокот на здравствениот систем, што овозможува воздржано чувство на оптимизам за текот на пандемијата“.
Од почетокот на пандемијата, во земјата се регистрирани 306.219 случаи на Ковид-19, а починаа 823 лица.
Целосно вакцинирани се 642.892 лица, а 432.171 граѓани примиле и бустер доза.
Ново на Сител
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
-

Такси дејноста станува хоби, не професија
-

Двојно поголем интерес за субвенции за возачки во Радовиш од предвиденото
-

Охридската болница станува регионален центар
-

Германскиот јазик се поатрактивен кај учениците - Прилеп домаќин на Државната олимпијада за основци
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
