Кинеско-тајванската средба на врвот е историска, но нема да промени ништо,сметаат аналитичарите
По децении непријателства и тензии лидерите на Кина и Тајван денеска се ракуваа и разменија топли зборови на нивната прва средба по прекинот на односите меѓу островот и континентална Кина во 1949 година.
Аналитичарите, меѓутоа, сметаат дека иако настанот е историски, тој нема да доведе до големи промени, пренесуваат француските медиуми.
Кинескиот претседател Кси Џинпин и неговиот тајвански колега Ма Јинг-џеу една минута си ги стискаа рацете при поздравот и се смееја пред новинарите во преполната сала на сингапурскиот хотел.
-Развојот на односите меѓу двата брега на теснецот во последните 66 години покажува дека какви и да биле предизвиците и тешкотиите пред нашите сонардници на двата брега, колку и да траело отуѓувањето, нема сила што е способна да не раздели, изјави Кси Џинпин. „Ние остануваме браќа, современици, во нашите вени тече иста крв“, додаде тој, истакнувајќи дека денешниот ден е посебен.
Ма Јинг-џеу пред кинескиот претседател изјави дека двете земји треба взаемно да се уважуваат по децениите на непријателства и соперништво.
На прес конференцијата по средбата тајванскиот лидер предложи меѓу двете земји да проработи таканаречениот „црвен телефон“ за директна врска и забележа дека неговиот кинески колега се согласил со предлогот. Ма Јинг-џеу изрази надеж дека средбата ќе е нов чекор кон нормализирање на односите.
Тој засегна и деликатни теми за Тајванците, како арсеналот на кинески ракети што се насочени кон островот и политиката на Пекинг што го маргинализира Тајван на дипломатски план.
Во 1971 година Тајван го загуби своето место во ОН во корист на Кина. Само 22 земји официјално го признаваат островот, што Тајванците ги прави длабоко огорчени.
Според кинескиот експерт Џ. Мајкл Коул, на средбата на врвот биле разгледани општи прашања и таа нема да промени ништо. Тој забележа дека тајванскиот претседател со прокинески погледи, архитектот на зближувањето со Пекинг од својот избор на функцијата во 2008 година, наскоро ќе ја напушти власта, бидејќи веќе нема право да се кандидира за трет мандат на изборите во јануари следната година.
- Средбата е историска, бидејќи е прва, но не би отишол до таму да кажам дека таа е многу важна, додаде тој.
Кина го смета Тајван за дел од својата територија, која повторно треба да се приклучи, ако е неопходно - и со сила. Во последните 66 години, меѓутоа, Тајван изгради сопствен идентитет.
Политикологот Жан-Пјер Кабестан од Баптистичкиот универзитет во Хонг Конг изјави дека со оваа средба кинескиот претседател почнал кампања за привлекување внимание.
Очигледна е опасноста за Тајван од прекумерното зближување со власта, која му се заканува на самото негово постоење како независна целина. Пекинг сака да ја зголеми взаемната зависност меѓу Тајван и Кина, а не да ја намали, така што во нејзин интерес е да поддржува што е можно повеќе канали за комуникација, забележа политикологот.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!