Кинеските власти го уапсиле лидерот на групата кој со солена и минерална вода продавал вакцини против коронавирус
Кинеските власти го уапсиле лидерот на групата која солена и минерална вода продавала како вакцина против коронавирус.
Човекот, кој е идентификуван како Конг, прво детално истражил како изгледа вистинското пакување на вакцината, а потоа направил повеќе од 58.000 лажни, пренесува "BBC".
Серија од овие лажни вакцини била прошверцувана и во странство, но не е познато каде завшрила.
Конг е еден од 70 луѓе уапсени во Кина поради слични злосторства. Иако повеќето лажни вакцини се појавиле на пазарот уште минатата година, повеќето детали за тие измами се објавени дури овој месец.
Заработиле преку 2 милиони долари
Според судската пресуда, Конг и неговите соработници со продажбата на лажни вакцини заработиле 18 милиони јуани, што е околу 2.78 милиони американски долари. Во инекцијата наместо вистински дози ставале физиолошки раствор или минерална вода. Физиолошкиот раствор е стерилна мешавина од соли и вода.
Околу 600 вакцини во ноември минатата година се пратени во Хонгконг, а потоа во странство, додека некои дури и се продавале во болници по енормно високи цени.
Криминалците спроведувале и сопствени илегални програми за вакцинирање. Селските лекари го вакцинирале локалното население со лажни вакцини.
Ново на Сител
-
Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино
-
Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни
-
Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието, ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа Влада
-
До петок многу топло со температури и над 40 степени
-
Нов случај на семејно насилство во Кавадарци
-
Одбележан Денот на јавните службеници – Мицкоски со порака дека државниот службеник претставува огледало на државата
-
Пронајдено оружје при претрес во демирхисарско
-
Сојузна судијка ја блокираше забраната на Трамп за странски студенти кои се запишуваат на Харвард