Свет
14. November 2015 - 10:05

Кинескиот претседател за јакнење на соработката и борбата против тероризмот

Кина е подготвена да се придружи на Франција и меѓународната заедница во јакнење на безбедносната соработка и борба против тероризмот, изјави денека кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонскиот разговор со неговиот француски колега Франсоа Оланд.

- Кина е длабоко шокирана од терористичките напади во Париз и ветува солидарност со Франција во борбата против тероризмот, наведе портпаролот на кинеското МНР Хонг Леи.

Тој наведе дека тероризмот е заеднички предизвик за човештвото.

- Кина одлучно ја поддржува Франција во одржувањето на својата национална безбедност и стабилност и спротиставување на тероризмот, истакна Хонг.