Кинеска префектура бара сите возила да имаат инсталирано GPS уред
Префектурата Ксинџијанг во северозападна Кина бара сите возила да имаат инсталирано сателитски навигациски уред, потег кој се случува само неколку недели по полициски соопштенија дека возила може да се користат за терористички напади.
Полицијата во автономната префектура Баинголин Монгол соопшти дека сите автомобили во регионот мора да имаат инсталирано GPS уред, објавија кинеските медиуми.
Со тоа, ќе и се олесни на полицијата да нема многу работа со украдени возила како и „промоција на социјална правда и постојана промоција на социјална харомонија и стабилност“.
– Во изминатите години, глобалниот предизвик е справување со тероризмот. Возилата се главен начин на превоз на терористите и исто така може да се користат за терористички напади, нагласува полицијата.
– Поради тоа, императив е засилување на базата на податоци за локација на возила преку GPS уред како и употреба на електронски регистерски таблички. Во првата фаза е предвидено сопствениците на околу 20.000 возила да инсталираат такви уреди.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени