Кина со приговор до САД поради протерувањето дипломати
Кина вложи најстрог приговор до САД поради протерувањето кинески функционери, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг.
Тој ја даде изјавата по појавувањето на медиумските написи дека двајца кинески дипломати се протерани од САД претходно оваа година поради упад во воена база, а едниот од нив веројатно е припадник на разузнавачка служба.
Кинеските дипломати наводно влегле во базата во Вирџинија на почетокот на есента, но нивниот автомобил бил блокиран од пожарникарско возило.
– Обвинувањата на САД за кинеските дипломати не се совпаѓаат со реалноста, истакна Генг.
Тој апелираше до САД да ја исправат таквата грешка, да ја повлечат одлуката и „да ги заштитат правата на кинескиот персонал загарантирани со Виенската конвенција за дипломатски односи“.
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен