Кина со приговор до САД поради протерувањето дипломати
Кина вложи најстрог приговор до САД поради протерувањето кинески функционери, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг.
Тој ја даде изјавата по појавувањето на медиумските написи дека двајца кинески дипломати се протерани од САД претходно оваа година поради упад во воена база, а едниот од нив веројатно е припадник на разузнавачка служба.
Кинеските дипломати наводно влегле во базата во Вирџинија на почетокот на есента, но нивниот автомобил бил блокиран од пожарникарско возило.
– Обвинувањата на САД за кинеските дипломати не се совпаѓаат со реалноста, истакна Генг.
Тој апелираше до САД да ја исправат таквата грешка, да ја повлечат одлуката и „да ги заштитат правата на кинескиот персонал загарантирани со Виенската конвенција за дипломатски односи“.
Ново на Сител
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски