Кина приземји речиси сто авиони „Боинг 737“

Кинеската администрација за цивилно воздухопловство соопшти денеска дека се приземјени речиси 100 авиони „Боинг 737 Макс 8“, по вчерашниот пад на авион од тој тип во Етиопија.
Приземјените авиони се повеќе од една четвртина од вкупната авио флота. „Боинг 737“ што летал од Адис Абеба кон Најроби се урна вчера при што загинаа 157 патници и членови на екипажот само шест минути по полетувањето.
„Етиопиан ерлајнс“ исто така ги приземји сите авиони „Боинг 737“ поради „дополнителни безбедносни проверки“.Ниту една друга компанија засега не соопшти дека ќе ги приземји своите „Боинг 737 Макс 8“.
До крајот на јануари „Боинг“ на купувачите им испорачал 350 авиони „Боинг 737“. Тоа беше втора несреќа со „Боинг 737“ – во октомври лани кога индонезиски авион од истиот тип се урна 13 минути по полетување од аеродромот во Џакарта. Тогаш загинаа 189 патници и членови на екипажот.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
