Кина преложи заеднички маневри на земјите од АСЕАН во Јужно Кинеско Море
Кинескиот министер за одбрана Чан Ванцијан на денешната средба во Пекинг со своите колеги од АСЕАН - Асоцијацијата на земјите од југоисточна Азија, зазеде посмирен тон, подвлекувајќи дека сите тие треба да работат заедно и напорно за зацврстување на мирот и регионалната стабилност, пренесоа британските медиуми.
- Актуелната регионалната ситуација во целина е стабилна, но има очигледни економски фактори кои покажуваат влошување, а засилување на нетрадиционалните безбедносни предизвици, посочи министерот пред 10-те свои колеги на почетокот на денешната средба.
Според него, надворешни сили ги користат интернетот, социјалните медиуми и другите средства за да ги поттикнуваат земјите од регионот, заканувајќи и се на социјалната стабилност, конкретно споменувајќи ги заканите од терористичките групи.
Британските медиуми потсетуваат дека Пекинг има загегнати односи со неколку земји од југоисточна Азија, посебно со Виетнам и Филипините, пред се, заради агресивниот кинески пристап при соопштувањето на своите територијални претензии кон спорните острови во Јужно Кинексо Море. Чан на отворањето на министерската средба , додека репортерите беа уште во салата,не го спомена ова прашање.
Подоцна кинеското Министерство за одбрана, на својот сајт, соопшти дека министерот предложил следната година да се одржат заеднички вежби на земјите од АСЕАН во Јужно Кинеско море.
Ново на Сител
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена