Кина: Негативните каматни стапки би требале да станат конвенционален алат на централните банки
Банките би требале во периоди на дефлациска криза да усвојат политика на негативни каматни стапки и да ја користат како конвенционален монетарен инструмент за оживување на растот, напиша висок претставник на Кинеската централна банка во работен документ.
Со оглед на тоа дека нормалното ниво на каматните стапки во развиени економии може да остане ниско во долг временски период, централните банки во иднина веројатно често ќе прибегнуваат на политиката на негативни стапки, напиша во работниот документ Сун Гуофенг, директор на одделот за финансиско истражување во Кинеската централна банка (ПБОЦ).
- Политиката на негативни камати ќе биде поефикасна доколку банките се подготвени поединечните сопственици на депозит да ги изложат на негативни каматни стапки, а во тек на дефлациска рецесија, централните банки би требале да ја усвојат политиката на каматни стапки длабоко во негативно подрачје, вели Сун.
Ново на Сител
-
Вучиќ утре ќе разговора со Путин
-
Зеленски: Украинците сакаат мир, но не и по цена да се откажат од Украина
-
Земјотрес од 6,3 степени го погоди Чиле
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале