Кина настојува индиските трупи да се тргнат од спорната погранична зона
Кина настојува трупите на својот западен сосед Индија да се дислоцираат од спорната погранична зона Доклам, што од скоро време генерира затегнати односи меѓу двете земји и кралството Бутан.
Долината Чумби опфаќа територии на трите држави, кои влегоа во конфронтација поради автопатот што кинеската армија го гради во спорната област Доклам. Индија, која има привремено стационирано свои војници во областа, соопшти дека на 16 јуни кинеската армија неовластено навлегла во таа зона.
Кина пак, смета дека „таа територија историски им припаѓа ним“ и дека индиските војници се наоѓаат всушност на нивна суверена територија. Бутан исто така тврди дека полага право врз платото.
- Доколку Индија не ги поправи своите грешки во разумен рок, како ќе ја стекне довербата на соседите, прашува портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
Територијалниот спор се појавува во пресрет на претстојната средба на индискиот премиер Нарендра Моди со кинескиот претседател Си Џинпинг на форумот на лидерите на групата Г-20 во Хамбург оваа седмица.
Ново на Сител
-
Ајдин Османовиќ ја испеа „Заветна“ како честитка за Илинден
-
Енди Мареј го одигра последниот натпревар во кариерата
-
Ѓоковиќ го победи Циципас и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата
-
Алкараз го победи Пол и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата во 2024 година
-
Сиљановска Давкова: Должност на секоја генерација е да ја продолжи борбата и да го обновува духот на македонската република
-
Управните служби и денеска ќе издаваат готови лични документи на граѓаните
-
Австралиската полиција заплени 900 килограми метамфетамин
-
Бајден: Убиството на Ханија не е од помош за прекинот на огнот