Кина им го врати подводниот истражувачки дрон на САД
Кина им го врати на САД подводниот истражувачки дрон, кој го конфискуваше во Јужното Кинеско Море минатата недела, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Со тоа се стави крај на инцидентот, кој доведе до затегнување на односите меѓу Пекинг и Вашингтон.
Министерството појасни дека враќањето на дронот се случило по пријателските консултации меѓу претставници на Кина и САД.
Американски претставник вчера изјави дека дронот веројатно ќе биде предаден на екипажот на американски воен брод во околината на островчето Скарбороу, покрај Филипините. Таму се наоѓа америански миноносец.
Според Вашингтон дронот се користи за океанографски мерења, како анализи на соленоста и температурата на водата. Тој беше конфискуван од Кина во четвртокот на 50 морски милји од Филипините.
Доналд Трамп реагираше на инцидентот со твит, во кој ја обвини Кина за кражба.
Пекинг го демантираше тоа и појасни дека ја пронашол подводната сонда и ја конфискувал за да ја истражи, по што планирал да ја врати на сопственикот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза
-
28 годишна тетовчанка пријавила обид за измама
-
Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите