Кина и Саудиска Арабија ги извршија првите заеднички антитерористички вежби
Специјалните сили на Кина и Саудиска Арабија ги спроведоа првите заеднички антитерористички вежби.
Во маневрите близу до југозападниот кинески град Чунцин од 10 октомври, во времетрење од две недели, учествуваа по 25 лица од двете страни.
Дејствијата биле фокусирани на борбени вежби и тактики за борба против тероризмот.
- Оваа заедничка антитерористичка вежба има за цел да ја зголеми способноста на двете војски за борбата со теторимозт и неконвенционалните закани за безбедност, пишува весникот на кинеската војска.
Маневрите напоредно се и обид Кина да ги зајакне врските за безбедност со земјите од Блискиот исток и нејзините муслимански соседи.
Пекинг одамна се загрижи, дека нестабилноста во Авганистан ќе се распространи кон западниот кинески Синцзјан-Ујгурски автономен реион, каде живеат муслимански Ујгури.
Во август Кина создаде антитерористички сојуз со Пакистан, Аганистан и Таџикистан, а од 20 до 24 октомври ќе учествува во заедничките антитерористички вежби со Таџикистан близу до теџикистанско-авганистанската гранци.
Ново на Сител
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие