Кина го разгледува американскиот извештај за шпионски балон над САД и Канада и повика на смиреност
Кина денеска соопшти дека ги разгледува американските извештаи дека кинески шпионски балон бил забележан како лета над воздушниот простор на САД и повика на смиреност.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека нема информации дали ќе се одржи планираната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Кина.
-Кина е одговорна земја и секогаш строго го почитува меѓународното право и нема намера да ја нарушува територијата и воздушниот простор на која било суверена земја. Што се однесува до балоните, ја разгледуваме и проверуваме ситуацијата и се надеваме дека двете страни ќе се справат со тоа мирно и внимателно, рече Мао.
САД и Канада денеска соопштија дека следеле шпионски балон што летал на голема височина над Северна Америка и над чувствителни воени локации.
Пентагон синоќа соопшти за присуство на балон во воздушниот простор на САД, за кој се верува дека е кинески, а канадската Влада денеска објави дека истражува „уште еден потенцијален инцидент“.
Блинкен денеска требаше да пристигне во Кина во услови на зголемени тензии меѓу Пекинг и Вашингтон околу трговијата, Тајван, човековите права и територијалните претензии на Кина во Јужното Кинеско Море.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ