Кина го разгледува американскиот извештај за шпионски балон над САД и Канада и повика на смиреност
Кина денеска соопшти дека ги разгледува американските извештаи дека кинески шпионски балон бил забележан како лета над воздушниот простор на САД и повика на смиреност.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека нема информации дали ќе се одржи планираната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Кина.
-Кина е одговорна земја и секогаш строго го почитува меѓународното право и нема намера да ја нарушува територијата и воздушниот простор на која било суверена земја. Што се однесува до балоните, ја разгледуваме и проверуваме ситуацијата и се надеваме дека двете страни ќе се справат со тоа мирно и внимателно, рече Мао.
САД и Канада денеска соопштија дека следеле шпионски балон што летал на голема височина над Северна Америка и над чувствителни воени локации.
Пентагон синоќа соопшти за присуство на балон во воздушниот простор на САД, за кој се верува дека е кинески, а канадската Влада денеска објави дека истражува „уште еден потенцијален инцидент“.
Блинкен денеска требаше да пристигне во Кина во услови на зголемени тензии меѓу Пекинг и Вашингтон околу трговијата, Тајван, човековите права и територијалните претензии на Кина во Јужното Кинеско Море.
Ново на Сител
-
Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче
-
Успешна евакуација на повредено лице од Шар Планина со хеликоптер на Армијата
-
Меѓународен ден на архивите - 9 јуни
-
Министерот Муцунски во работна посета на Казахстан
-
Победа на локални избори во два српски града прогласија и Вучиќ и опозицијата, изборните комисии засега без резултати од гласањето
-
Сончево, попладне пороен дожд и грмежи
-
АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини, сообраќајот се одвива непречено
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски