Кина ги повика граѓаните да подготват залихи од храна поради можни прекини во снабдувањето
– Кинеската Влада им порача на граѓаните да подготват залихи од храна и други потреби за домаќинството во случај на вонредна состојба по невообичаено обилните дождови кои предизвикаа зголемување на цените на зеленчукот и во момент на пандемијата со Ковид-19 во светот.
Во синоќешното соопштение од Министерството за трговија се повикани локалните власти да обезбедат редовно снабдување и стабилни цени и навреме да ги предупредат граѓаните за сите проблеми и прекини во снабдувањето.
Централната влада обично прави дополнителни напори за зголемување на понудата на свеж зеленчук и свинско месо во пресрет на најважниот празник во Кина, Лунарната Нова година, кој се слави на почетокот на февруари следната година. Но, оваа година, тие напори се уште поитни бидејќи екстремните и невообичаени временски услови на почетокот на октомври ги уништија посевите во Шандонг, регион кој е во првите редови во одгледувањето зеленчук. Дополнително, ширењето на коронавирусот на териториите од северозапад до североисток на земјата се заканува дополнително да го наруши снабдувањето со прехранбени производи.
Ново на Сител
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас