Ким Џонг-ун: Северна Кореја произведе мини нуклеарни боеви глави

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска изјави дека Северна Кореја успеала да произведе мини нукеларни боеви глави, кои би можеле да бидат поставени на балистички ракети, јави јужнокорејската агенција Јонхап.
- Нуклеарните боеви глави се стандаризирани и бидејќи се намалени можат да бидат поставени на секоја балиситчка ракета, нагласи Ким за време на посетата на рудник, кој е дел од севернокорејскиот нуклеарен сектор.
Според Ким, со поседувањето на ваквите боеви глави сега Северна Кореја може слободно да биде наречена „застрашувачка нуклеана сила“.
Севернокорејските власти објавија и фотографии на овие мини нуклеарни боеви глави, кои според тврдењата можат да се монираат на проектили од ракетниот систем КН-08, кои имаат дострел до 12.000 километри и би можеле да погодат цели на територијата на САД.
Денешната изјава на Ким следи откако Пентагон вчера соопшти дека Вашингтон не верува оти Северна Кореја има потенцијали за производство на мини боеви глави. - Иако стравуваме од заканата на балистичките ракети, сепак и натаму сме убедени дека можеме да се справиме и да одговриме на секоја ракетна закана од Северна Кореја, изјави портпаролот на Пентагон, Питер Кук.
Пјонгјанг во јунаури изврши четврта по ред нуклерана проба, за која соопшти дека било тестирање на хидрогенска бомба. Сепак, голем број експерти, но и владите на САД и Јужна Кореја, изразија сомнеж во веродостојноста на ваквите тврдења.
Ново на Сител
-

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, да не бевме ние во Данска ќе се зборуваше германски и јапонски
-

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите
-

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Трамп со јасна порака во Давос: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
