Свет
27. February 2018 - 20:18

Ким Џонг ун и татко му користеле лажни пасоши за патувања

 
 Севрнорекојскиот лидер Ким Џонг ун и неговиот покоен татко Ким Џонг ил користеле лажни пасоши кога аплицирале за визи во западни држави во 90-те години од минатиот век, тврдат пет западноевропски разузнавачки служби.
 
- Тие користеле бразилски пасоши на кои јасно се гледаат фотографии на Ким Џонг ун и на Ким Џонг ил за да добијат визи од странски амбасади. Тоа покажува желба за патувања и укажува дека владејачкото семејство се обидело да изгради посебна рута за бегање, изјави претставник на западна разузнавачка служба.
 
Уште четири извори од разузнавачки служби потврдиле постоење пасоши на кои под фотографијата на Ким Џонг ун и на Ким Џонг ил се имињата Џозеф Пуаг и Иџонг Чои. Издадени се во бразилската Амбасада во Прага во февруари 1996 година.
 
Како што се наведува, визите им требале за патувања во Бразил Јапонија или Хонг Конг. Бразилското МНР соопшти дека врши истрага за случајот.