Километарски колони на Евзони: Свирежи, пцости и нервоза, патниците обединети против грчките цариници
Службите на Автомото сојузот на Македонија утрово јавија дека сообраќајот на граничните премини за излез од земјава се одвива нормално, без поголеми задржувања, па граѓаните се охрабрија неделното кафе да го испијат покрај море.
Но, зажалија. Тие се револтирани од километарските колони на граничниот премин Богородица – Евзони.
-Веќе два часа стоиме во место во меѓупросторот. На Богородица веднаш поминавме, нема застој, но никако да влеземе во Грција, вели читател на Република.
Тој вели дека има патници од цела Европа и дека сите се многу нервозни и нетрпеливи, особено оние од Велика Британија, кои цела ноќ возеле за да дојдат до грчките плажи, а сега со часови стојат во место на грчката граница.
-Овде е хаос, возила преминуваат по тревните површини сакајќи да фатат побрза лента, но таква лента, за жал, нема. Сите ленти стојат. Од време на време се слушаат долготрајни свирежи упатени како револт кон грчките цариници, вели Aцо од Скопје.
Ново на Сител
-
Јаков е првороденчето во Скопје, неколку секунди по него се роди и девојче во Чаир
-
Сончево време и утре, од задутре дожд и снег
-
Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров
-
На новогодишната ноќ на Токсикологија 18 лица со акутно труење, најмладиот има 14 години
-
Тошковски ги посетил полициските службеници кои биле дежурни за време на новогодишната ноќ
-
Женско е првото бебе родено годинава во Кавадарци
-
Земјотрес почувствуван во Гостивар и Тетово, епицентарот во Албанија
-
Официјално отворање на скијачкиот центар „Михајлово“