-->
-->
„Кикс“ на Реал Мадрид на гостувањето кај Галатасарај
-->

Во кошаркарската Евролига синоќа се одиграа првите пет средби од 24.коло, во кои најпријатното изненадување го прирeдија кошаркарите на Галатасарај.
На средбата одиграна во Истанбул, екипата на Галатасарај која се наоѓаше на претпоследното место на табелата, го совлада водечкиот Реал Мадрид со 87-84.
На останатите четири средби одиграни синоќа фаворитите немаа проблеми, а беа постигнати овие резултати: Жалгирис – Фенербахче 67-76, Црвена Ѕвезда – Бамберг 74-60, Макаби Тел Авив – Олимпијакос 71-82 и Басконија – Армани Милано 87-74
Денеска се играат преостанатите три срдби, а двојките се: Уникс Казан - Анадолу Ефес (од 17 часот), Дарушафака – Панатинаикос (18:15) и Барселона - ЦСКА Москва (21).
Табела: Реал Мадрид 18-6 (победи-порази), ЦСКА Москва 17-6, Олимпијакос 17-7, Фенербахче 16-8, Панатинаикос 14-9, Црвена Звезда 14-10, Басконија 13-11, Анадолу Ефес 12-11, Дарушафака 11-12, Жалгирис 10-14, Барселона 9-14, Бамберг 8-16, Галатасарај 8-16, Макаби Тел Авив 8-16, Уникс 7-16, Армани Милано 7-17.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
