Киев: Украинските сили напредуваат во јужните сектори на контраофанзивата
Украинските сили напредуваат во јужните сектори на својата контраофанзива против руските окупаторски трупи, соопштија синоќа украински воени претставници.
Последниот извештај за контраофанзивата, како и извештајот за „очајниот отпор“ на руските трупи на исток, беше објавен откако украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека движењето во контраофанзивата е „најважното нешто“.
- Секој војник, секој нов чекор што го правиме, секој метар украинска земја ослободена од непријателот е од најголема важност, рече синоќа Зеленски во своето редовно видео обраќање.
Светските агенции нагласуваат дека не може да се потврди ситуацијата на бојното поле. Русија официјално не го признава напредокот на Украина во раните фази на контраофанзивата и тврди дека им нанела големи загуби на силите на Киев во изминатите 24 часа.
Ново на Сител
-
Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Приведена кавадарчанка за обид со туѓа лична карта да подигне пари
-
Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор, информира Тошковски
-
Се бара „неработник“ на годината
-
Кавадарчанка пријавила вознемирување со објави против неа, закана и обид за физички напад
-
Предлог-буџетот за 2025 на собраниската седница закажана за 10 декември
-
Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија
-
При претрес во Радовиш, пронајдена дрога, пушка и муниција