-->
-->
Киев: Руската воена офанзива ќе пропадне до пролет
-->
Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов изјави дека очекува руската офанзива на источниот фронт да пропадне до почетокот на пролетта.
Москва минатата есен ги засили своите напади на североисточниот дел на линијата на фронтот, сакајќи да ги опколи утврдените градови како што е Авдивка.
Украинската војска соопшти дека спроведува „активна одбрана“. – Руската офанзива сè уште трае.
Некаде на почетокот на пролетта ќе биде целосно исцрпена, рече Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка служба ГУР.
Тој додаде дека руските сили имаат само „неколку придобивки на некои полиња“ и во близина на градот Авдивка. – Сега е на ред непријателскиот потег.
Ќе заврши, а мислам дека ќе почне нашиот, нагласи Буданов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија