-->
-->
Киев го затвори за цивилни летови воздушниот простор над државата
-->
Украина денеска го затвори својот воздушен простор за цивилни летови, наведувајќи висок ризик за безбедноста, додека европскиот авијациски регулатор, исто така, предупреди на опасностите за летање во граничните области на Русија и Белорусија, поради воени активности.
На својата веб-страница, Украинското државна компанија за услуги за воздушен сообраќај соопшти дека воздушниот простор на земјата е затворен за цивилни летови почнувајќи од 0045 часот по Гринич во четврток, со прекин на услугите на воздушниот сообраќај.
Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија (ЕАСА) соопшти дека воздушниот простор во Русија и Белорусија на 100 наутички милји од нивните граници со Украина, исто така, може да претставува безбедносни ризици.
„Конкретно, постои ризик и од намерно таргетирање и погрешна идентификација на цивилни авиони“, соопшти агенцијата во билтенот за зоната на конфликтот.
„Присуството и можната употреба на широк опсег на копнени и воздушни борбени системи претставува висок ризик за цивилните летови кои работат на сите височини и нивоа на летови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено