Киднапиран градоначалник во Мексико неколку недели пред преземање на функцијата
Новоизбраниот градоначалник Анибал Роблеро Кастило е киднапиран во јужната мексиканска држава Чијапас само неколку недели пред да ја преземе функцијата, јави ДПА.
Властите синоќа соопштија дека започнале истрага за откривање на неговата локација. Според медиумските извештаи, вооружени лица го киднапирале Анибал Роблеро Кастило во вторникот пред едно кафуле во Тустла Гутиерез, главниот град на Чијапас.
Точните мотиви зад инцидентот засега не се познати.
На социјалните мрежи кружат видеа кои го прикажуваат моментот на киднапирањето на 54-годишниот градоначалник.
Кастило треба да ја преземе функцијата во Фронтера Комалапа на 1 октомври. Општината, со население од околу 67.000 жители, се наоѓа во близина на границата со Гватемала, област каде што два картели за дрога се борат за рути за шверц на дрога и мигранти.
Регионот бележи зголемено насилство, а многу селани ги напуштаат своите заедници во последните месеци.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори