Киднапирале Србинка во Куманово зошто ги измамила за пари
СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Р.(44) од Штип, М.Л.(44), Р.Л.(24), двајцата од од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“ и Ш.Д.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“.
Пријавените, на 08.10.2015 година, околу 14,00 часот, во Куманово во непосредна близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, со патничко возило „фолксваген“, управувано од Ш.Д. се паркирале пред патничко возило „рено меган“ управувано од Б.А. од Р Србија во кое била М.С.(40) од Р.Србија, при што З.Р. М.Л. и Р.Л. поради тоа што истата претходно им зела пари ветувајќи им дека ќе ги носи во Германија.
Тие насилно ја внеле во нивното патничко возило и заминале од местото на настанот за да им ги врати паричните средства.
По кратко време во населбата Карпош во Куманово тие се сопрени од страна на полициски службеници и приведени во СВР Куманово.
Ново на Сител
-
Од среда нестабилно со локален дожд и снег
-
Русија останува отворена за дијалог за решение на конфликтот во Украина
-
Се обидел да силува и истепал болна жена роднина, соседот го затекнал па го истепал и него
-
Пожар изби наспроти „Американ колеџ“ во Аеродром
-
Рекорднo намалување на бројот на склучени бракови минатата година во Кина
-
Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб
-
Официјално пуштена во употреба компресорската станица за хируршките клиники
-
„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени