КФОР формира кордон на Ибарскиот мост во Митровица
Припадниците на мисијата КФОР утрово формираа кордон среде Ибарскиот мост во Митровица, со опрема за разбивање на демонстрации.
Од синоќа на мостот се засилени силите на италијанските карабинери, а по полициската акција распоредени се и блиндирани возила.
На јужната страна на мостот има и неколку возила и припадници на КФОР, односно истата единица. Луѓето непречено продолжуваат да го минуваат мостот пеш, во делот наменет за пешаци.
На мотстот има и голем број новинарски екипи. Претходно синоќа две оклопни возила беa паркирани на северната страна од тој мост.
Зградите на локалната самоуправа и другите институции на Србија во четири општини на северот на Косово сe уште се блокирани, а пред нивните влезови е стационирана косовската полиција.
Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, за РТС изјави дека косовскиот премиер Албин Курти „спроведува етничко чистење“.
„Станува збор за институции што се од витално значење за Србите“, оцени Петковиќ и додаде дека тие не се паралелни, туку правни институции.
Со џипови, вооружени со автоматско оружје, полицајци се пред седиштето на општински власти во северниот дел на Косовска Митровица, во Лепосавиќ, во Звечан и во Зубин Поток, јавија српските медиуми.
Полицијата утрово е видлива во Косовска Митровица, пред зградата во која се наоѓаат просториите на Канцеларијата за Косово и Метохија, пред зградата на Привремената управа, кај мостот од двете страни.
ЕУ е разочарана од континуираната некоординација со косовските безбедносни институции и меѓународните партнери, соопшти Канцеларијата на ЕУ во Косово по акцијата на косовската полиција извршена вчера.
„Операцијата на косовската полиција во петокот насочена против канцелариите поддржани од Србија во Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, а спроведена по инструкции на Владата на Косово, ја загрозува кревката безбедносна ситуација на терен.
Еулекс веднаш беше распореден за да го надгледува извршувањето на оваа операција, која не беше координирана со ЕУ и меѓународните партнери“, се вели во соопштението.
Се додава дека Косово се обврзало на деескалација, но „за жал, Владата на Косово ги игнорира нашите повици“.
ЕУ, како што се наведува понатаму, сака да повтори дека сегашната полициска операција против канцеларии поддржани од Србија може да доведе до дополнителна ескалација на и онака нестабилната ситуација.
Во синхронизирана акција на косовските безбедносни власти, вчера попладне во сите четири општини на север, објектите во кои функционираа преостанатите институции на Република Србија, пред се општинските служби, но и Канцеларијата за Косово и Метохија, Пензискиот фонд и јавното комунално претпријатие, беа затворени.
Затворена е и зградата на Привремената општинска управа на Косовска Митровица, една година откако беа конфискувани зградите на овие власти во преостанатите три општини на север.
Истовремено, затворени се и просториите каде што се веруваше дека функционираат општинските служби во претходните месеци.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе