-->
-->
Кери во Хавана се сретна со преговарачите од ФАРК и колумбиската Влада
-->
Државниот секретар на САД Џон Кери се сретна синоќа во Хавана со претставници на колумбиската Влада и на бунтовничката група ФАРК кои водат мировни преговори во Куба, соопшти Стејт департментот.
Кери се сретна прво со делегацијата на колумбиските власти, а потоа и со делегација на Револуционерните вооружени сили на Колумбија. Тој изјави пред двете страни дека поддржуваат мировен процес....САД се подготвени да поддржат конечен договор за ставање крај на конфликтот, наведува Стејт департментот во соопштение.
– Историска средба во Хавана меѓу ФАРК и американскиот државен секретар Џон Кери. Мирот во Колумбија напредува, напиша на Твитер Иван Маркес шеф на тимот за преговори на ФАРК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ