Кери: Создавањето кинеска воздушна одбрана во Јужното Кинеско Море е провокативен чин

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Улан Батор изјави дека евентуалното создавање на кинеска зона на воздушна одбрана во Јужното Кинеско Море, САД ќе го сметаат за провокативен и дестабилизирачки чин.
- Воведувањето на таква зона над делови од Јужното Кинеско Море ќе го сметаме за провокативен и дестабилизирачки чин, кој автоматски ќе ги зголеми тензиите и ќе ја доведе во прашање определбата на Кина за решавање на територијалните спорови по дипломатски пат, изјави Кери, кој престојува во посета на Монголија.
Тој воедно ја повика Кина да „не презема еднострани акции на провокативен начин“.
Говорејќи за неговата земја домаќин, Кери нагласи дека Монголија денес претставува „оаза на демократијата“ во деликатно опкружување со проблематични соседи, како Русија и Кина, што аналитичарите го оценија како обид на САД да обезбеди свој партнер во Улан Батор во услови на се поагресивните политики на Москва и Пекинг.
Кери доптаува во Улан Батор на пат од Париз за Пекинг, каде ќе се одржи осмиот годишен стратешки дијалог меѓу САД и Кина.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
