Кери: САД ќе бидат добар сосед на Куба

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека САД сакааат да бидат „добар сосед“ на Куба, предупредувајќи сепак дека патот кон целосни добри односи и натаму е „долг и сложен“.
Кери на прес-конференција со кубанскиот колега Бруно Родригез, одржана неколку часа откако дипломатските односи меѓу САД и Куба повторно се воспоставени по прекинот долг пет децении, рече дека Вашингтон „го поздравува новиот почеток во односите со кубанскиот народ и со владата“.
Според Кери, „овој значаен чекор сепак не значи и крај на многу разлики кои и натаму ги раздвојуваат двете влади“.
- Напредокот, меѓутоа, ја одразува стварноста дека „студената војна“ е одамна завршена и оти на интересите на двете земји подобро им служи соработка од отуѓување, истакна Кери на прес-конференција во Стејт департментот.
Разликите меѓу владите на Куба и на САД се покажаа и на тој настан, кога Родригез изјави дека историското обновување на американско-кубанските односи ќе има смисла само ако САД го укинат сеопфатното трговско ембарго и и ја вратат на Куба американската поморска база во Гвантанамо на истокот на Куба.
Кери одговори дека админстрацијата на Барак Обама сака да го укине економското ембарго воведено на Куба во 1962 и изрази надеж дека до тоа брзо ќе дојде.
Кери, кој се сретна со Родригез претходно во новата амбасада на Куба во Вашингтон, над која е подигнато кубанското знаме по првпат по 54 години, рече дека „во моментот не планираме да го менуваме постоечкиот договор за користење“ на заливот Гвантанамо, каде се наоѓа американскиот воен затвор.
Куба и САД официјално ги обновија дипломатските односи по повеќе од пет децении, кога веднаш по полноќ, меѓу неделата и понеделникот, стапи во сила договорот со кој дипломатските мисии прераснуваат во целосни амбасади.
Ново на Сител
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
