Кери: Партнерството меѓу САД и ЕУ е силно

Партнерството меѓу САД и ЕУ е многу силно, изјави американскиот државен секретар Џон Кери по средбата со министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ, која се одржа во Брисел.
- Партнерството меѓу ЕУ и САД сега е силно. Такво ќе остане и во иднина, нагласи Кери.
Тој истакна дека соработката меѓу САД и Европа денес е поинтензивна од било кога, и сите страни, вклучувајќи го и шефот на британската дипломатија Борис Џонсон, имаат намера да има што е можно полесен премин во односите меѓу ЕУ и САД веднаш откако Британија ќе преземе чекори за излез од Унијата.
Кери додаде дека американската Влада е одлучна уште оваа година да склучи договор за слободна трговија со ЕУ. Преговорите за Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство се водат веќе три години меѓу ЕУ и САД. И двете страни сакаат разговорите да завршат во 2016 година.
Според него, склучувањето на договорот може да го олесни негативниот ефект од Брегзит.
Ново на Сител
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
