Кери: Огромно мнозинство Американци го поддржуваат Парискиот договор за климатски промени
Државниот секретар на САД Џон Кери изјави на меѓународната конференција за климатски промени во Мароко, дека огромно мнозинство Американци сакаат САД да ги почитуваат обврските преземени согласно Парискиот договор за клима, јави БТА.
- Одбивањето на борбата со климатски промени ќе биде „морален неуспех со катастрофални последици“, истакна Кери пред учесниците на конференцијата на ОН во Маракеш.
Тој го нарече Парискиот договор „рамка создадена да стои во времето“.
- Американците знаат дека климата ќе се промени, истакна Кери.
Државниот секретар потенцира дека не може да прогонозира каква ќе биде политиката на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во сферата на климатските промено, но неговите ставови можат да се менуваат, откако ќе стапи на должност.
Трамп ги нарече глобалното затоплување и климатските промени „измама“.
Новоизбраниот претседател на САД вети дека ќе се повлечат од Парискиот договор од 2015 година и ќе го прекине секое финансирање со парите на американските даночни обврзници за програмите за борба со глобалното затоплување и ќе го оживее рударството во САД.
- Не можам да шпекулирам каква политика ќе води нашиот новоизбран претседател, но ќе ви го кажам следното: во годините, поминати во јавниот живот, едно од нештата кои ги научив е дека кога заземаш државна функција, некои прашања изгледаат поинаку во споредба со предизборната кампања, објасни Кери во Маракеш.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување