Свет
10. December 2016 - 18:58

Кери: Неселективното бомбардирање на Алепо е воено злосторство

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека неселективното бомбардирање на Алепо од страна на сириските режимски сили може да се смета за злосторство против човештвото и за воено злосторство и апелираше до Русија, која ги поддржува, да ги запре нападите.

-Неселективното бомбардирање од страна на режимот е кршење на владеењето на законот, и во многу случаи претставува злосторство против човештвото и воено злосторство, рече Кери по состанокот со претставници на западните сили и претставници на сириската опозиција во Париз.

Тој од Русија побара да сторат се што можат за да ги запрат овие напади.