Келвин Харис ја прекина врската со Тејлор Свифт

Иако важеа за една од најубавите славни двојки, Тејлор Свифт и Келвин Харис, по една година љубов, повеќе не се заедно.
И додека ни се чинеше дека меѓу двојката се е во најдобар ред, добро упатени извори открија дека меѓу нив едноставно исчезнала страста.
- На Адам на почетокот навистина му се допадна Тејлор, затоа што не беше типична девојка со какви тој излегуваше порано. Иако, тој го загуби интересот за неа уште пред неколку месеци, не сакаше само да прекине и се обиде да ја спаси врската, изјави за „Е!Онлајн“ пријател на Келвин, чие вистинско име е Адам Велс.
На двојката не им помогнале ниту турнеите, ниту големиот број други работни обврски, а наводно подобро функционирале како пријатели, отколку како љубовници.
Со други зборови, во прашање не е никаква драма, односно неверство или трето лице, туку исчезнување на страста. Очигледно од негова страна.
Повредената Тејлор утеха најде во нејзиниото семејство, а наводно многу е разочарана од однесувањето на Келвин, особено затоа што недоволно сериозно ја сфатил врската со неа кога најмногу и требал.
Прекинот се случил деновиве, но и покрај тоа двојката и натаму е во контакт.
Злобниците коментираат дека е можно Тејлор наскоро да исфрли нов хит, како што беше случај по нејзиниот претходент љубовен бродолом.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
