Келнерка донирала бубрег за редовен гостин
Освен што поседува неверојатна убавина, Маријана Вилјареал Толентино поседува и огромно срце. Оваа келнерка од популарниот синџир на ресторани „Хатерс" решила да го донира својот бурег на еден чест гостин и така да му го продолжи животот. Дон Томас поради ракот ги изгубил двата бубрега и докторите не му давале добри прогнози.Тој бил чест гостин во ресторанот „Хатерс", познат по атрактивните келнерки, а таму ја запознал и Маријана.
Иако биле само познаници, Маријана сакала да му помогне на овој добар човек, бидејќи на овој начин сакала да и помогне на својата баба која починала поради болести на бубрезите.
Кога ја слушнав неговата приказна го прашав дали сака да му донирам мој бубрег , а тој прифати.
Јас не можев да и помогнам на својата баба, а ако благодарение на мојот бубрег Дон поживее уште неколку години, ќе бидам многу среќна. Јас својот дел го завршив , сега се е во рацете на Бога – изјавила Маријана.
Тие двајцата пред неколку дена ја извршиле операцијата, а Маријана на својот профил на Инстаграм објавила дека двајцата се добро и дека одлично функционираат.
Цел живот можете нормално да живеете само со еден бубрег – изјавила оваа хумана девојка.
Дон, пак, изјавил дека е неверојатно благодарен што непозната личност толку несебично му понудила дел од себе за да му го спаси животот.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата