Келн го отпушти тренерот пред можното враќање во Бундеслигата

Двократниот германски фудбалски првак Келн го отпушти денеска тренерот Герхард Штрубер на две кола пред крајот на второлигашкото натпреварување, иако тимот е сè уште во одлична позиција да избори враќање во Бундеслигата од која испадна лани.
Келн го препушти првото место на табелата минатиот викенд откако ремизираше 1-1 дома со Регенсбург.
На две кола до крајот на сезоната, Келн е второпласиран со 55 бодови, еден помалку од водечкиот Хамбургер, но три повеќе од третопласираниот Елверсберг и четвртопласираниот Падерборн.
Директна промоција во Бундеслигата обезбедуваат двете првопласирани екипи и на Келн ќе му бидат доволни четири бодови од последните две кола во кои ги очекува гостување во Нирнберг в петок и домашен натпревар против Кајзерслаутерн на 18 мај.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
