Џет-Сет
3. May 2017 - 10:22

Кејти Пери не сака да ја коментираат бојата на нејзината коса

Кејти Пери повторно успеа да се излета со изјава, поради која се најде на удар на критиките на оние кои не ја сакаат, но и на голем број нејзини фанови.

Пејачката во живо на Инстаграм одговарала на прашања од фановите, при што очигледно не и се допаднаа прашањата за бојата на нејзината коса.

Имено, некои рекоа дека подобро излгедала со црна коса, а еден обожавател дури напиша дека „му недостасува нејзината црна коса“, што очигледно „ја прелеа чашата“ кај Пери.

- Навистина?! Дали ти недостасува и Барак Обама? Ок. Времињата се менуваат. Здраво! Се гледаме подоцна, нашиша Кејти и го прекина преносот во живо.