Фудбал
16. November 2023 - 14:19

Кејн прогласен за најдобар играч на Баерн во октомври

За прв пат по доаѓањето во Германија, напаѓачот Хари Кејн е прогласен за играч на месецот на Баерн, објави на својата клупската веб-страница бундеслигашот од Минхен.

Триесетгодишниот фудбалер освои 48 отсто од гласот на навивачите за најдобар играч во октомври, пред Лерој Сане кој доби 20 отсто и Свен Улрајх (11 отсто).

Минатиот месец Кејн одигра пет натпревари на кои постигна пет гола и три асистенции.