Џет-Сет
18. November 2016 - 9:32

Кејли Куоко ги зголеми градите и го исправи носот

Американската актерка Кејли Куоко, која се прослави со улогата на Пени во популарната серија „Бубалици“ се подложи на естески хируршки зафати, со кои ги зголеми своите гради и го исправи носот.

Во изјава за магазинот „Вуменс Хелт“ таа нагласи дека смета оти тоа е нешто најдобро  што го напрвила за себе досега.

- Колку и да ја сакам својата внатрешност, сепак, за жал, сакам и надворешно да изгледам добро... Го поправив носот и да ги зголемив градите. Тоа беше нешто најдобро нешто што некогаш сум го направила за себе, рече Кејли.  

Таа вели дека многу вежба и јаде здрава храна, а се опушта со јога, што и овозможува во одржување на емотивната рамнотежа.

- Многупати плачам за време на вежбањето јога. Најдобро е кога толку многу ќе се испотам, што никој не забележува дека сум плачела, нагласува Куоко во изјавата за „Вуменс Хелт“’.

Кејли во моментов е во врска со џокејот Карл Кук, а во интервјуто за магазинот признава дека и самата сака да јава коњи.