-->
-->
Казнети возачи на неисправни возила
-->
Во последната вчерашна акција на сообраќајната полиција низ полошко откриени триесетина возила со неисправни сопирачки, седуммина немале положен возачки испит.
На подрачјето на СВРТетово вчера (7 август) од 9 до 14 часот, била спроведена акциска контрола, со која вкупно било опфатено 131 моторно возило (во Тетово -89 и Гостивар-42 ).
При контролата откриени се 27 технички неисправни возила (ТЕ-14 и ГВ-13 ).Најголемиот број од нив (ТЕ-10 и ГВ-7) имале неисправни сопирачки и други системи и опрема (ТЕ-4 и ГВ-3).
Во акциската контрола, исто така, откриени се 11 возила со истечена сообраќајна дозвола (ТЕ -8 и ГВ-3) и други прекршоци, како и 7 возачи (ТЕ-5 и ГВ-3 ) кои ги управувале возилата без положен возачки испит.
Утврдените прекршоци заокружени се со соодветни прекршочни и мандатни платни налози и со барања за поведување на прекршочна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
