Македонија
8. August 2019 - 10:51

Казнети возачи на неисправни возила

 Во последната вчерашна акција на сообраќајната полиција низ полошко откриени триесетина возила со неисправни сопирачки, седуммина немале положен возачки испит.

На подрачјето на СВРТетово вчера (7 август) од 9 до 14 часот,  била спроведена акциска контрола, со која вкупно било опфатено 131 моторно возило (во Тетово -89 и Гостивар-42 ).
При контролата откриени се 27 технички неисправни возила (ТЕ-14 и ГВ-13 ).Најголемиот број од нив (ТЕ-10 и ГВ-7) имале неисправни сопирачки и други системи и опрема (ТЕ-4 и ГВ-3).
Во акциската контрола, исто така, откриени се 11 возила со истечена сообраќајна дозвола (ТЕ -8 и ГВ-3) и други прекршоци, како и 7 возачи (ТЕ-5 и ГВ-3 ) кои ги управувале возилата без положен возачки испит.
Утврдените прекршоци заокружени се со соодветни прекршочни и мандатни платни налози и со барања за поведување на прекршочна постапка.