Македонија
21. May 2023 - 11:48

Казнети 19 пијани возачи на територијата на СВР Битола

Во текот на изминатата вечер (20/21.05.2023) во периодот од 23.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 19 возачи, кои биле исклучени од сообраќај. За време на контролата биле санкционирани и 24 други видови прекршоци.

Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.