„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивни активности на МВР
На подрачјето на секторите за внатрешни работи Скопје, Битола и Велес вчера биле реализирани низа едукативни работилници во основни и средни училишта на повеќе теми важни за заштита на учениците од социо-девијатни појави, пред се околу превенцијата од зависностите.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на подрачјето на СВР Скопје во основните училишта „Блаже Конески“, „Љубен Лапе“ и „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ реализирани се работилници со ученици од деветите одделенија посветени на превенција од меѓуврсничко насилство, како и „Кажи не на дрогата, да на животот “.
-Во Битола полициски службеници од СВР Битола под мотото „Кажи не на дрогата, да на животот“ реализираа едукативна работилница со ученици од трета и четврта година од Средното електро машински училиште ЕМУЦ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, додека пак на подрачјето на СВР Велес, поточно во Кавадарци, во основните општински училишта „Страшо Пинџур“ и „Тоде Хаџи Тефов“ беа спроведени едукативни работилници за превенција од насилство во училиштата, со посебен осврт на сајбер булингот, стои во информацијата од МВР.
Ново на Сител
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
-

Повредено 10-годишно девојче од заталкан куршум
-

Тетовец се напил до 3,02 промили па си ја истепал сопругата
-

25-годишна девојка од Гостивар нападнала полицаец
-

Двајца Украинци нападнати во Центар по недоразбирање околу резервација за сместување
